Милошески : Дечки од прилепското ВМРО-ДПМНЕ, дај бе не фрлајте млади деца како топовско месо да лажат и клеветат

0
1098

Господа од уќуматот на прилепското ДПМНЕ,

Кога како „топовско месо“ за јавно ширење дезинформации, клеветење и валкање на имињата на ваши неистомисленици користите деца од подмладокот, покажете барем малку доблест и, во доверба, прво кажете им ја вистината, а потоа ако ви се согласат, изнесете ги на говорница да го сеат семето на злото.

Ама, кажете им уште нешто: дека пратениците од вашата партија за време на нивниот мандат, само од патни трошоци, пикнале вџеб по 117.000 евра. Дека екс градоначалникот од нивните редови ја остави Општината во „дупка“ од 1.5 милиони евра, дека против него се поднесени десетина кривични пријави, дека во моментов против него во постапка се неколку кривични дела заради што му е одземен пасошот, дека истиот тој своите сограѓани ги нарекуваше „специјалки“ и им се закануваше со хилти…

Кога зборувате за партизација на институциите, пуштете им ја снимката на која вашиот претседател, поранешен „комуњар“, од позиција на директор на болница, им се заканува на вработените велејќи им дека тие „не се тука оти се способни, ами оти партијата им дала парче леб“…

Многу што имате да им кажите. И ним, ама и на судските органи. Оти правдата е спора, ама достижна. Оти злосторствата кои ги направивте не се забораваат толку лесно, најмалку пак до 12 април. Тоа ќе биде датумот на кој вашето злосторничко здружување и неговите остатоци и истресоци, ќе ја испеат лебедовата песна!

Фејсбук статус на Зоран Милошески