ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА : Општината доби пари од владата за три капитални проекти

0
1458

Одлични вести за нашата општина.
Гази Баба е една од општините кои обезбедија средства во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Одобрени се трите проекти со кои како општина аплициравме и учествувавме во оваа програма.
 Реконструкција и проширување на регионалниот пат Раштак – Бутел со изградба на потпорен ѕид 
 Изградба на патна делница од 2 км од детското игралиште во н.м. Виниче до патот за н.м. Страчинци
✅ Изградба на патна делница од 1 км од ООУ „Наум Охридски“ до викенд населба после воденица во село Булачани.