АНГЕЛОВ : ОПОЖАРЕНИОТ МОСТ НА ВАРДАР ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ

0
464

– Градот Скопје по синоќешниот пожар донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт молот, а од пред неколку минути и за целосно затворање на мостот и за движење на пешаци се додека не се утврдат точните штети од пожарот, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Како што нагласи на денешната прес-конференција, тим формиран од Градот Скопје веќе работи на утврдување на штетите.

На местото на настанот излегле и експерти и универзитетски професори од повеќе области кои при првичниот увид не биле сигурни колкава е штетата.
-Мостот ќе остане затворен се додека Градот Скопје не добие информации дека може да биде отворен, но верувам дека ќе биде отворен дури по неговата санација доколку воопшто биде можна.

Штетата дополнително ќе биде утврдена, рече Ангелов.Нагласи дека ќе биде забрането движење на пешаци, велосипеди, скутери и на рекреативци под мостот, односно на деловите од патеките на кејот под мостот заради опасност од паѓање на бетонски парчиња од заштитната бетонска облога на мостот.