Братот на новиот министер за транспорт го продаде порталот „Курир“!

0
979

kurir2

Веб-порталот „Курир“ од вчера има нов газда, покажуваат податоците од Централниот регистар. Досегашниот сопственик на „Курир“, фирмата Ем медиа ДООЕЛ чиј сопственик беше Ацо Мисајловски, брат на вчера назначениот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, ја продал фирмата, а со тоа и порталот, на главниот уредник Саше Стојановски, пишува Призма.

Промената на сопствеништвото на „Курир“ се случува истиот ден кога Владо Мисајловски, братот на досегашниот сопственик на порталот, Ацо Мисајловски, беше избран за нов министер за транспорт. Нов газда на порталот е уредникот Саше Стојановски.

kurir 4

Повеќе прочитајте на Призма на следниот линк ОВДЕ.