Макрадули: Листата на ВМРО-ДПМНЕ со тие што прислушуваа и слушаа, со местачи на тендери

0
1989

Јани Макрадули, поранешен пратеник,  на својот Фејсбук статус ја коментираше листата на кандидати  на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекувавм листите на ВМРО-ДПМНЕ да бидат составени од симболите на корумпираната, забегана влада, со претставници на функционери со детски исфрустрирани последици, со креаторите и благајниците на проектот 2014, со тие што прислушкуваа, ама и тие што ги слушаа, со местачи на тендери. Нивната цел е партиска кохезија.

На тоа мора најостро со ПРОТИВ да се спротиставиме.

Има многу работи што да се научат и од изборите во Хрватска и Америка. Некои лекции не ги научивме, некои моменти ги пропуштивме, но има уште шанса.

Таа МОРА да се оствари, зошто не само млади ќе бегаат од Македонија! “.

Јани Макрадули на својот Фејсбук статус