ПЦЕР: Со метастазирани институции и телевизии на власта, нема напредок

0
801

Партијата за целосна еманципација на Ромите со соопштение реагира за преговорите за имплементација на договорот од Пржино и за изборот на обвинителите за Специјалното обвинителство.

„Околу преговарачкиот дел што е дел од договорот од Пржино се тактизира да се добие во време и да се создава слика кај граѓаните, дека ништо не бива од договореното. Втората наша реакција е околу тоа што Советот на обвинители не го одобрува тимот на специјалната обвинителка. Обвинителството го има фатено „Метастаза“ и сега повторно тактизира –  не 14 обвинители, туку 7, само нешто да се пореметува. Од друга страна коалицискиот партнер на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ вели дека демек они биле да се реши и многу се загрижени за ова прашање, а впрочем станува збор само за  договор помеѓу ВМРО И ДУИ“, се вели во соопштението од ПЦЕР.

Од партијата порачуваат дека не треба да се игра со народот, туку треба да се воспостави дијалог кој ќе биде во интерес на Македонија.

„Со ваквиот неодговорен однос правите штета сами на себе и на Македонија. Ќе нема препорака, ќе нема НАТО, ќе нема збогум сиромаштијо“, се вели во соопштението.