Лила Филиповска: Роденденот ќе го славам на убаво место со најубавите пријатели!

0
1547

Популарната водителка Лила Филиповска утринава на својот фејсбук-профил објави фотографија со која пријатно ги изненади своите многубројни обожаватели.

Lila-450x535

„Јас сум суперѕвезда на денот… денес ми е роденден!“, беше коментарот над фотографијата на убавата водителка, по која следуваа многубројните честитки од нејзините пријатели. Токму тоа беше поводот да ѝ се јавиме и да ѝ го честитаме роденденот, пришто, Лила беше расположена да ни открие како планира да го помине денешниот ден:

„Ви благодарам за честитките… Планирам роденденот да го одбележам вечер, на едно убаво место, со моите најубави пријатели. Така најубаво ќе си поминам. Сакам сите да бидеме расположени и опуштени. И нема да ви откријам каде конкретно“,мистериозна беше Лила. Неизбежно беше прашањето како успева да го задржи младешкиот изглед, кој им пркоси на годините, и по кој е препознатлива…

„Ќе ја цитирам популарната актерка Лусил Бол: Живеам чесно, јадам полека и лажам за годините…хахахаха“, ни откри шармантната водителка.

Извор : Ubavinaizdravje.mk