ЛАЖНА ТРЕВОГА: Миленко сам ги исклучил своите профили и веб сајтови на 2-3 дена, не е замолчен од никого!

0
1100
Од кога знам за себе, за мене не постои викенд, празник, споени денови, загаратиран годишен одмор…
Така било и на почетокот од моето вработување (спикер во Радио Скопје, па коментатор во Телевизија Скопје), оти “скокалниците“, новогодишните маратони, фудбалите, Камел трофи не те прашуваат даи е Нова година, сабота или недела, дали е Велигден или втори август…
Тоа, ете си продолѓжува и ден денешен. Сите имаат право да спојат Велигден со Први мај, да земат два дена од годишен одмор, па да бидат слободни од 25-ти април до 6-ти мај оваа година, само Миленко не смее да паузира!!!
Јако, нели?!
Сите би си мерачеле на моите објави, ама скриено некаде од некој кампинг или соба во Беломорска Македонија. Безбедни за својот приход, работно место и егзистенција, а Миленко ќе се тепа со враговите фашистички. Па сега баш, за празник, кога толку многу слободно време имаат, немаат каде да читаат. Плус и другите портали немаат од каде да цитираат и вадат сензации.
2-3 дена, овие празнични, сум ги исклучил Фејсбук страниците, Дудинка, WI-Fi и Mobile data, и одма паника.
Едните, односно комуњарите, се ситат дека ете конечно ми забраниле и ме нема (тоа само го покажува нивниот демократски капацитет), другите во паника оти во штабовите им рекле дека “Миенко во петок ќе го подржи нивниот кандидат“, третите разочарани оти од доверливи извори разбрале дека во петок и сабота ќе бидат хакнати профилите на Миленко и дека ќе се појават објави како го подржувам овој или оној кандидат.
И, четвртите, кои искрено ми напишаа дека им недостасува Дудинка и фејсбук објавите, оти тоа им е единствениот реален и слободарски информативен простор, односно се останато е партизирано и корумпирано.
И, како што се гледа, нема ништо од “укинување“ на Миленко, бидејки Миленко уште долго ќе ви биде камче во чевелот. Нема ништо и од подршка за било кого, оти единствената подршка што ја давам е онаа за мојот народ, за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. Тој е попаметен од сите професори, политичари, новинари, аналитичари, гомнојадци и бизнисмени.

Супер глупо е да се смета дека може да се влијае врз мислењето на народот. Ако се мисли така, тогаш се потценува и омаловажува својот народ. Народот на секој политичар или партија може да му е партнер, а не стадо овци.
Тој утре ќе си ја каже својата воља. Нормално во анализата што после објективно ќе се прави, ќе бидат констатирани и полнењата, и марифетлуците и притисоците. – па ќе се појави вистинската бројка која ќе биде оценка за сите што учествувале во изборната трка.
Утре не е ниту последен ден од нешто, ниту е прв ден од нешто друго. Утре, едноставно, е уште еден ден што МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, овој небески народ, ќе го изживее.
Фејсбук пост на Миленко Неделковски