Заев во Штип: Парите ќе се вратат назад кон граѓаните

0
1345

Zaev_Stip-2-640x320

Јас и дел од раководството сме денеска во Штип на чело со претседателот на општинската организација, господинот Милошев. Денеска со мене се и двајца претседатели на значајни Комисии, тоа е господинот Петар Атанасов, којшто ја води Комисијата за образование и Благојчо Бочварски којшто ја води Комисијата за транспорт и врски. Со нас е и претседателот на Надзорниот одбор Мирослав Вујиќ, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Зошто сме денеска тука? Почнуваме еден период многу значаен за нас социјалдемократите, но верувам пред `се за граѓаните на Македонија. Токму во Штип, во еден од нашите градови од коишто приличи да соопштиме едно ново време во коешто на пиедесталот и во центарот на вниманието ќе биде човекот, работникот, граѓанинот, текстилецот, но и наставникот, и здравствениот работник, секој работник.

Целта е да покажеме и да најавиме едно ново време каде што парите ќе се вратат назад кон граѓаните. Време во коешто пред `се и над `се, сите политики и политичари, политички фели и моќни луѓе во општеството ќе бидат целосно фокусирани кон вниманието на семејството како клетка во општеството, кон работникот, кон граѓанинот. Најавуваме едно вакво посебно време заради тоа што сме убедени дека само на тој начин може да ни опстои државата.

Zaev_Stip-4

Во тој правец овие денови во Парламентот е нашиот предлог Закон за покачување на минималната плата. Граѓаните знаат дека минималната плата е сега некаде околу 9.500 денари. Предлагаме покачување, можеби за некои незначителни 1.500 денари на 11.000 денари. Но тоа не е нашата цел. Целта е спиралите на платите веднаш да ги покренеме нагоре. Се уште во Македонија имаме плати од околу 9.500 денари. Со самото покачување до 11.000 денари, спиралата се отвара, да се покачат и тие плати што 17.000 да станат 18.500, тие што се 20.000 да станат 21.500.

Конечниот наш таргет е да создадеме средна класа. Средна класа во којашто вкупниот приход по семејство би бил во доменот на она што значи средна класа за македонски стандард. Тоа е 45.000 до 50.000 денари по четиричлено семејство на двајца полнолетни граѓани. Тоа значи една третина од приходите на тоа семејство да бидат за дискрециони трошења. Од кога ќе се покријат сите основни трошоци на едно семејство, една третина да бидат доволно средства за акумулација за годишен достоинствен летен одмор, за зимување, за купување на кола, за купување на стан или изградба на куќа со акумулацијата.

Zaev_Stip-3

Да создадеме средна класа, којашто ќе го крепи општеството од секој можен аспект.
Граѓани со достоинствен приход се граѓани патриоти, граѓани коишто си ја сакаат државата и се борат за државата, без разлика дали таа борба е за слобода, за демократија, за поголеми работнички права и поголеми права воопшто на граѓаните.

Главните нишки на коишто треба да биде насочена Македонија е токму граѓанинот, работникот, семејството, поединецот. Тоа мораме да го направиме ако сакаме да си ја додржиме државата.

Денеска во Штип е пазарен ден, ќе поминеме многу категории на граѓани од работници коишто еве видовме како ни приоѓаат и реално зборуваат луѓето. Симнувам капа за охрабрувањето на жената работник текстилец којашто пријде и практично сподели искуство со нас политичарите. Но, ќе го посетиме и Ромското маало каде што се навистина социјално најзагрозените граѓани. Ќе го посетиме и пазарот, ќе ги видиме и пазарџиите и купувачите.

Zaev_Stip-2-640x320

Ќе посетиме неколку населби, овде во Штип, за да разговараме со граѓаните по случајна средба, не на партиски, директно со граѓаните, за да димензионираме едно ново утро.

Дозволете да дадам коментар и за преговарачкиот процес којшто се одвива и којшто предизвикува внимание кај граѓаните. Моја констатација на преговорите е дека некој, пред се тоа се претставниците на власта, изнаоѓаат милион причини да ги заобиколуваат решенијата, да изнаоѓаат други решенија и да не ги исполниме термините.

Ќе потсетам дека договорот од 2-ри јуни а конечно и од 15 јули, стојат рокови, крајот на јуни, крајот на август, коишто мораше да бидат испочитувани. Заради пролонгирањето од 2-ри јуни до 15-ти јули, еве и овие 15 дена да ги вкалкулираме, доаѓаме до 15-ти октомври а сепак роковите не се постигнати. Требаше ДИК целосно да се реорганизира, со комплетни надлежности и веќе да има започнато процеси. Моравме да знаеме кој ќе биде начинот за ревидирање на Избирачкиот список, моравме да ги знаеме промените во избирачкото законодавство, во медиумите.

Алармирам и апелирам, искуството од преговорите за Специјалниот обвинител не доведоа до последните моменти на одлучување, да не се случува и по другите точки. Политичарите и политичките партии да седнат внимателно, вклучително и ние, да ги дефинираме решенијата и да не се купува време. Да седнеме ден порано да ги решиме овие отворени прашања заради тоа што ќе потсетам, победникот на 24-ти април треба да има полн легитимитет. Само со искрени чекори во преговорите опозицијата може да биде гарантор за да потврди легитимитет на евентуална победа на нашиот противник или пак нашиот противник да потврди наша победа на 24-ти април.

Zaev_Stip-1

Тоа не е важно заради политичките партии. Тоа е важно за иднината на државата.

Меѓу другото, овие драгоцени месеци за реформи, за враќање на државата во нормала, мора да ги искористиме ако сакаме да имаме искрен однос кон иднината на Македонија. Затоа, ова што навистина се случува, со купување ден за ден, од страна на претставниците на власта, верувам дека ќе престане.

Само со чесен пристап, во изнаоѓање на решенија во интерес на државата, можеме брзо да ги движиме процесите.