САКАМЕ ДА ЗНАЕМЕ ЗА ШТО ПРЕГОВАРААТ ЗАЕВ И БУЧКОВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ НА ПРО ФОРМА КОНТРАШКИ ПРОТЕСТИ ЗА ДА ГО РАЗБУДИ ЧЛЕНСТВОТО ОД ЗИМСКИОТ СОН

0
823

ВМРО-ДПМНЕ ги започна предупредувачките протести на три локации низ Скопје, пред Собранието, пред ТЦ Мавровка и пред зградата на поранешна Нова Македонија. Протестите се со едно единствено барање: Владата да го даде на увид на јавноста т.н. патоказ за преговорите со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека двоецот Заев-Бучковски преговара со техничката бугарска влада за делови од декларацијата која што беше усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на протестот пред Собранието рече дека доколку Владата е транспарентна како што тврди, треба да ги објави деталите за преговорите со Бугарија.

“Тука сме на улиците да го кренеме гласот и двоецот Заев-Бучковски да каже за што се преговара со Бугарија. Да кажат каков е тој патоказ или што и да е. Дали Заев ќе изигрува трговец-поединец и дали преговара со идентитетот, јазикот и културата” – рече Мисајловски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во обраќање во живо објави дека бил приведен претседателот на УМС Сергеј Попов затоа што со мобилен телефон почнал да снима, на што полицијата бурно реагирала наредувајќи му да прекине. Тој им се спротивставил со образложение дека снима на јавен простор и не прави ништо противзаконско, а откако одбил да ја спроведе нивната наредба, бил спроведен во полициска станица.