ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА НА ФАРМЕРИТЕ КОИ ОДГЛЕДУВААТ СВИЊИ ПО МЕРКАТА НА ВЛАДАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДАВАЧКИТЕ ЗА УВОЗ НА СВИНСКО МЕСО: Господ нека ни е на помош!

0
1283

Вистинска паника и депресија владее во фармите за одлгледување на свињи во земјава по денешнава мерка за увоз на замрзнато свинско месо без давачки.

– И досега имавме проблем со одмрзнато месо увезено по дампинг цени кое потоа се продаваше како свежо македонско, тука ни нанесуваа големи загуби со 30 денари разлика, сега по намалувањето на давачките кои беа некаков штит со кој повеќе од 20 години се штитеа домашните фарми но и домашните поризводители на сточна храна затоа што тоа е поврзан систем, сега со тргањето на тој систем на заштита со оваа мерка, господ нека ни е на помош, ќе мора да ги затвориме фармите, нема да можеме да се бориме со цена која е за едно евро пониска од нашата, значи тоа е речиси дупло поефтино!!!

Вака нервозно реагира еден од поголемите производители на свинско месо во земјава кој сакаше да остане анонимен. На нашето прашање како е можно тоа месо толку да е ефтино, тој ни објасни:

– Се работи за месо кое е купено пошто зашто на друг крај на светот, обично е со многу ниска цена поради некој застој на берзите или на пазарите, и се работи за огромни количини, милиони тони, и потоа дел од тоа се откупува од наши месари со што еден мал пазар како Македонија се уништува комплет само со 50 шлепера увоз на ефтино замрзнато месо, толку сме ние, одма ќе се јави застој на нашето месо, нема да ни го купат, нема да можеме да купиме стпчна храна и ќе мора да одиме во стечај, затоа државата не штитеше со таа давачка токму од вакви берзантско-профитерски игри каде за една недела може да се збрише целата домашна индустрија за производство на свинско месо, а тука се вработени илјадници луѓе во разни поврзани системи, значи производители на сточна храна, ветеринари, одгледувачници на расплод, гоечници, кланици итн итн сето тоа сега ќе оди во стечај. Фрапиран сум од ова незнаење и неодговорност во министерството за земјоделие, ова е аматеризам од која ти иде да полудиш!

Па како дошло до ваква мерка на седницата на влада го прашуваме фармерот?

– Па ова се крчкаше веќе неколку месеци, но победи комората на месарници, подобро лобираа во влада, ние се боревме но се немаше слух за нашите објаснувања, им носевме графикони, анализи, бројки, но се испадна џабе. Нивниот изговор беше дека месарниците барале увоз на свинско замрзнато за да бидат конкурентни на регионалниот пазар на месни производи, ние им објаснувавме дека еднаш влезе ли тоа месо во земјава потоа веднаш ќе се најде на целиот пазар, нема шанси некој да контролира дали тоа смрзнато месо ќе се најде во кафаните, во маркетите каде ќе се продава како свежо македонско, илизија е тоа дека ќе има каква било контрола.