Веста за продажбата не е споделена со вработените на телевизијата ниту пак е информирана јавноста досега.
Според последните информации се шпекулира дека поради уцените на власта према компанијата „Макпетрол“ биле принудени да ја продадат телевизија, која е купена преку наводни „бизнисмени“ тесно поврзани со директорот на Дирекцијата за безбедност и контрарадознавање, Сашо Мијалков.
Многу контроверзи се врзани и за други фирми во Македонија кои се купени преку трети лица, но тесно поврзани со Мијалков. Познавачите велат дека во изминатиот период компанијата „Макпетрол“ се соочуваше со финанскиски потешкотии, за кои главен кочничар беше власта на Никола Груевски.
Информациите велат дека притисокот врз телевизија Телма бил огромен од високи структури во власта. Повеќе детали околу новата сопственост очекуваме наскоро.