Скопските Обвинители почнаа да зборуваат : Од прислушкуваните разговори многу лесно може да се процесуираат 400 кривични пријави!

0
1009

21288mala

Спрема добро упатен Скопски обвинител,кој сака да остани анонимен,од прислушкуваните разговори можат лесно да се процесуираат 400 кривични пријави па до необјавените или индиректните помеѓу 1000-2000.

Минимално по овие пријави треба да работат околу 50 обвинители и уште толку помошници. Процесот би траел 5 до 10 години и тоа би бил најкомплицираниот и најобемен процес во Македонија од 1945 година.Се работи за процес од 200 обвинети но само десетици случаеви би добиле судска завршница.Проблемот е што најмалата изречена казна би била 5 години.

Реално е да се очекува15-20 лица да бидат осудени,а ќе има уште двапати по толку заштитени сведоци.Процесот би завршил некаде после 2020 година.Вкупните директни и индиректни штети и профити се поголеми од 1 милијарда евра и можеби никогаш нема да се вратат во Македонија.