КЛЕВЕТА ОД ДИМЧЕ АРСОВСКИ: ДИРЕКТОРОТ НА ДЗС, АПОСТОЛ СИМОВСКИ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА ЗАТОА ШТО ГО ПОЛИТИЗИРАШЕ ПОПИСОТ

0
1358

“Апостол Симовски, директорот на ДЗС требаше досега да си даде оставка. Нему му беше поважно да слуша слепи насоки од страна на неговата партија како партиски војник наместо да ја согледа реалната слика зошто треба да се одложи пописот” – рече Арсовски во дебата на емисијата “Само вистина”.

Според Арсовски, главната причина за одлагање на пописот требаше да биде и состојбата со коронавирусот која Симовски наводно не сакал да ја согледа иако инструктор близок до него се заразил со коронавирус.

“Прва причина за одлагање е заштита на здравјето на граѓаните. Самиот јавно призна дека четворица од инструкторите му се заболени со корона. Од петокот досега уште еден од инструкторите кој што е во секојдневна комуникација со Симовски, е позитивен на корона значи дефакто се шири и меѓу инструкторите” – нагласи Арсовски.

Тој додаде дека системот имал слабости бидејќи самата апликација била тотално нефункционална и била падната само еден ден пред да биде одложен пописот.