Грујо ќе го јаде стапот, нема да го судат ПУШИНЕЛИТЕ на бате Саше, не само специјален обвинител, туку и специјален суд?

0
1244

Околу месец и половина до крајниот рок до кој партиите треба да го назначат специјалниот јавен обвинител постојат низа непознаници за неговата работа. Конкретно во договорот од 15 јули се наведува дека до 15 септември ќе има нов специјален јавен обвинител со целосна автономија да води истраги што се во врска и што произлегуваат од прислушувањето на комуникациите, пишува Радио Слободна Европа.

gruevski9-540x296

Професорката Слаѓана Тасева вели дека во договорот од Пржино многу малку е прецизирано за работата на специјалниот јавен обвинител и дека многу им престои на работните групи.

„Се мора да биде однапред предвидено и добро уредено вклучително и да се допрецизира или да се дополни законот ако е неопходно и таму да се постави новото јавно обвинителство, затоа што не може целата работа да ја работи само еден човек значи тој мора да има екипа. Како ќе биде буџетирано тоа, линијата на одговорност и координација да се воспостави подиректно и поконкретно со парламентот, избегнување на двојството со обвинителот Зврлевски. Значи мора сето тоа добро да се осмисли за да се избегнат можни нејаснотии“, вели Тасева.

Според професорот Мерсим Максути не е доволно само назначувањето на специјалниот јавен обвинител, туку тој оди и понатаму, па смета дека се потреби и промени во судството за да бидат процесуирани случаите докрај.

„Поточно мислам според нашиот систем на судовите и околностите треба во Основниот суд Скопје 1 треба да се формира нов оддел во кој ќе се процесуираат сите случаи кои ќе бидат поведени од специјалниот јавен обвинител и потоа и во Апелациониот суд да се формира некаков сличен оддел“, вели Максути.