ПРЕВЕНТИВА ПРОТИВ ИЗГОРЕНИЦИ

0
1416

Изгорениците предизвикани од сончањето се чест проблем со кој сигурно некогаш сте се соочиле додека сте биле на одмор. Еве неколку совети за прва помош.

sun_burn_sunscreen_640-450x253

1. На стерилна газа, нанесете масло од лаванда и ставете ја на проблематичното место. Повторувајте ја постапката секој час. Маслото од лаванда е природен антисептик, кој брзо ќе ве ослободи од незгодните изгореници.

2. Три лажички суви цветови од кантарион, прелијте ги со 2 дл. маслиново масло. Ставете ги потоа во стаклен сад и оставете да отстои околу една седмица. После тоа нанесувајте го на газа и лекувајте ги изгорениците. Ова е многу ефикасно средство, но бара предвремена подготвка, па затоа доколку планирате идната недела да заминете на одмор, веднаш започнете со подготвувањето.

3. Од пченично брашно и вода направете тесто и нанесете го на местото што е изгорено од сонце. Но само кога станува збор за изгореници од помал степен.

4. Во еден сад помешајте една чашка обезмастено млеко и четири чашки вода. Во смесата додадете неколку коцки мраз. Измешајте, ставете го на газа и директно на местото. Облогата нека стои 15 минути, а потоа направете пауза од еден час и повторете ја постапката.

Корисни совети
:

– Меурчињата кои настанале поради изгореници на кожата никако не ги оштетувајте

– Доколку забележите печење и црвенило на кожата тогаш станува збор за изгореница, не го изложувајте местото повторно на сонце

– Секогаш користете висок фактор на заштита за сонце

– Особено висок фактор на заштита треба да користат луѓето со светла боја на кожата бидејќи кај нив истата продуцира помалку меланин, а тоа значи и намалена заштита

– Внимавајте на изложување на бемките на директна сончева светлина

– Не излегувајте директно на топло од климатизиран автомобил