ВЛАСТА ПРЕКУ НАРАЧАНИ ТЕКСТОВИ ЗА РАКОВОДСТВОТО НА ЛДП СЕ ОБИДУВА ДА ЈА УНИШТИ ПАРТИЈАТА

0
931

Сведоци бевме на минатонеделните текстови кои излегоа во провладините медиуми за кавга и тепачка во Општина Центар за наводниот настан со Куковски. Веднаш потоа излезе на видело од каде била нарачката и за кои цели е измонтиран целиов настан.
Фото доказ:

11081362_10206357464796935_5630124188133454576_n 10625058_10206357468957039_3085896549345116010_n

 

…овие две слики се од Антонио Милошоски и од митингот на вмро-дпмне од Битола каде повторно е Милошоски на слика.
Лицето Бобан С. Јанкоски и на двете слики има ставено лајк а тој е истиот што го пријави Дуфе Кукоски пратеник од ЛДП за наводен напад..Очигледно поранешниот претседател на подмладокот на ЛДП одработувал туѓи агенди.
Новиот Претседател на ЛДП нешто видно е решен да расчисти со сите истурени играчи на вмро помеѓу своите редови. Останува да го среди форумот на жени затоа што неодамна добивме а најверојатно добиле и тие писмо од членови на партијата од Источна Македонија каде има реакции околу форумот на жени на Партијата поточно дека и во него има истурени вмровки кои работат под плаштот на ЛДП.
ВМРО ДПМНЕ жестоко ги брани своите позиции во ЛДП но битката е бескомпромисна на новото раководство по секоја цена од ЛДП да направи силна опозициона партија и да расчисти со сите инфилтрирани елементи кои од само нивни лукративни причини се обидуваат оваа опозициска партија да ја однесат во други води.