(ВИДЕО) Заев: Студентски град во Скопје со модерни архитектонски решенија за студентските домови, со инкорпорирани фитнес сали, кино сали, библиотеки, ресторани

0
1054

„Тука сме да промовираме две значајни мерки, но и да поразговараме за она што е од интерес на младите. Зборувавме за иднината, пред се на студентите како надежна генерација, апсолвенти, граѓани, односно заедница којашто ја претставува нашата иднина. Многу често ние политичарите со полна уста, зборуваме дека сето она што го правиме е токму за младите.

Денеска ја претставивме мерката за студентскиот град во Скопје со модерни архитектонски решенија за студентските домови, со инкорпорирани фитнес сали, кино сали, библиотеки, ресторани, и сето она што е од интерес на нашите студенти, воведувањето на бесплатниот интернет во студентските домови, но истовремено и студентската картичка за користењето на јавните услуги, како што е и превозот од самите студенти.

Зборувавме денеска за прашања којшто се и од нивен интерес, поставија некоку прашања како ќе ја најдат полесно работата после завршувањето на нивното образование. Зборувавме за младинската гаранција и директно помагање од страна на државата за нивното тренирање или практично подготвување за влегување во работа во првите 6 месеци после завршувањето на образовниот процес, зборуваме како државата ќе ги стипендира сите оние млади луѓе којшто сакаат да се дообразуваат, односно да одат на магистарски или на докторантски студии, но зборувавме и за студентските домови и сместување на младите луѓе, дека конечно дојде време, политичките партии да ги тргнат своите раце од сите органи и тела на младите, на студентите, за да може на еден транспарентен, непристрасен начин, секој да добие фер шанса за негово згрижување во студентските домови додека студира овде.

Јас сум, исто така, човек којшто студираше овде во главниот град. Дојдов од Струмица во главниот град, и не беше лесно да се студира и тогаш, не е лесно и сега. Навистина ваквиот начин на решавање на проблемите на студентите ќе им даде голем потенцијал и надеж за да ја гледаат својата иднина овде во Македонија.