Одбор „јунаци“, Груевски, Вељановски, Јанакиевски, Бошковски, Атанасовски и Ристовски го планирале и финансирале крвавиот напад на Собранието на 27 април 2017

0
931

Според обвинението, Никола Груевски, Трајко Вељановски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски, со акти на насилство за да оневозможат примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство, организирале протести кои материјално ги помагале, постојано го намалувале бројот на полициски службеници ангажирани за обезбедување на протестите и на Собранието во кои ги вклучиле патриотските здруженија, презеле мерки да се отстранат пречките за да се овозможи непречен влез на масата народ во Собранието на Република Македонија во Скопје, ангажирале лица за вршење насилство за да се оневозможи и спречи избор на претседател на Собранието.

Никола Груевски, Трајко Вељановски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски, во 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, објави МИА во 19 часот.

Според обвинението, тие со акти на насилство за да оневозможат примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство, организирале протести кои материјално ги помагале, постојано го намалувале бројот на полициски службеници ангажирани за обезбедување на протестите и на Собранието во кои ги вклучиле патриотските здруженија, презеле мерки да се отстранат пречките за да се овозможи непречен влез на масата народ во Собранието на Република Македонија во Скопје, ангажирале лица за вршење насилство за да се оневозможи и спречи избор на претседател на Собранието.

– Обвинетиот Н.Г. сега недостапен на органите на прогон како претседател на политичката партија ги повикал граѓаните на протести организирани од таа политичка партија искористувајќи телевизиски медиум со зборовите „народот да не седи дома во папучи да ја земе судбината во свои раце“ за што помасовно граѓаните да се приклучат на протестите, ја ангажирал партиската структура и материјални средства, се посочува во обвинението.

Вељановски, како што наведуваат од Обвинителството, требало да оневозможи избор на претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство, додека Јанакиевски и Ристовски непосредно и секојдневно ги контактирале и координирале Градскиот комитет на Скопје и Месните комитети на партијата како и организаторите на протестите.

– Обвинетиот В.А. тогаш директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и обвинетиот Н. Б. сега недостапен на органите на прогон, вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање ги мобилизирале и координирале членовите на групата предводена од веќе обвинетите А.В.-Н. и Н.М.-К. одржувајќи постојани средби во кафе бар „Аристократ“ сопственост на веќе обвинетиот А.В.-Н. каде ги договарале деталите околу протестите најпрво организирани пред Државната изборна комисија во месец декември 2016 година вклучително правење и молотови коктели, а подоцна и деталите за протестите под мотото „За заедничка Македонија“, а исто така ги организирале и координирале водачите на патриотските здруженија „Владо Чернозески“, „Андон Јанев Ќосето„, „Тврдокорни“, се наведува во обвинението.

Имено, Атанасовски и Бошковски ги вршеле активностите со цел по секоја цена да се спречи мирно предавање на власта со избор на претседател на Собранието на Република Македонија, а веќе обвинетиот Митко Чавков, тогаш директор на Бирото за јавна безбедност и носител на златна команда при оперативна акција „Платформа“ постојано го намалувал бројот на полициските службеници за обезбедување на протестите, како и тоа полицијата да не реагира доколку дојде до инциденти.

– По насока на обвинетиот Н.Г. сега недостапен на органите на прогон, обвинетите М.Ј. и С.Р. до претседателите на опшштинските комитети по телефон испраќале насоки за масовност на протестите, претседателите на општинските комитети испраќале пораки до претседателите на месните комитети, тие до претседателите на изборните единици на политичката партија меѓу кои и пораките со содржина „ве молам лицата за интервентни ситуации и сите други што можете известете ги да бидат на готовс во секој момент можеме да дадеме насоки“, “сите членови доаѓајте испред Собрание сега е моментот“, се посочува во обвинението.

Според обвинението, на 27 април 2017 година Благоја Василевски, телохранителот на Груевски, со кого бил во Виена, во 14:39 часот контактирал со неговиот брат веќе обвинетиот А.В.-Н. кој веднаш со веќе обвинетиот Н.М.-К. телефонски ги контактирале веќе обвинетите Ј.Ч., И.Ј., М.Д., З.С. за кого постапката е запрена согласно Законот за амнестија, М.М. за кого постапката е запрена согласно законот за амнестија и Д.Д.- Д сега недостапен на органите на прогон го мобилизирале членството од Скопје и други градови за да извршат во одреден момент насилен упад во Собранието на Република Македонија однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили.

– Во 14:54:17 часот обвинетиот Т.В. испратил порака до обвинетиот Н.Г. сега недостапен на органите на прогон со содржина „да Ве информирам дека Заев имаше прес во Собрание и процедурално на седница и најави дека мнозинството ќе го избере претседател на Собрание. Местото може да е во сала во Собрание, во ходник, на скали, во МАНУ, на Правен факултет….“, во 16:04:14 часот обвинетиот Н.Г., сега недостапен на органите на прогон, му испратил порака на обвинетиот Т.В. со содржина „од П.К.: од ДУИ информација од човек што дојде од состанок со Т .. денес за попладне после 17,00 часот се спрема избор на Т. за претседател по иницијатива на СДСМ“, стои во обвинението.

Атанасовски им дал наредба на веќе обвинетите В.А. и О.Р. да ги извадат хард дисковите од собраниските камери со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело, Чавков давал наредби да се делува пасивно, а Бошковски со возило марка „Голф“ во сопственост на УБК, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена Борец“ донел оружје и тоа автоматско оружје, пиштоли и панцирни елеци кое требало да се подели на лицата кои протестирале и кои имале искуство со ракување со оружје.

Извор : ФронтЛајн