ШОУМЕНОТ БОКИ 13-КА КОНЕЧНО РЕТЕРИРА ОД СВОЈОТ СТАВ ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ НА ТРИ ДЕЦА : Поради жестока реакција на јавноста Боки се откажува од посвојување на деца но ќе помага финансиски да помогне за посвојување на деца

0
1406

Поради целата негативна кампања, сите реакции во јавноста кои пред се ги пласираат лица кои имаат за цел да оцрнуваат и шират негативна пропаганда и омраза, јас како јавна личност, Бојан Јовановски, во прво лице, јавно соопштувам дека мојата идеа и желба за посвојување на три малолетни деца, сум подготвен да ја повлечам и барањето за посвојување да го препуштам на семејство кое има желба и е подготвено да изврши посвојување, семејството може уште веднаш да ме контактира и да оствариме средба

На тоа семејство, односно посвоителите, јас како Бојан Јовановски сум подготвен да ги преземам целокупните трошоци за посвоеното дете или деца, во зависност од желбата на семејството и позитивните законски прописи.

Поконкретно, лично сум подготвен на таквото семејство кое ќе изврши посвојување да му ги покривам сите финансиски трошоци поврзани со одгледување, прехранување, школување и сите други трошоци кои би произлелге од одгледувањето
на детето или децата, од моментот на посвојувањето се до навршувањето на полнолетство.

По навршувањето на 18 години на посвеото дете или деца, заеднички со нив сум подготвен и се обврзувам да партиципирам со подмирување на трошоци за универзитетско образование или обезбедување на вработување, зависно од преференците на детето или децата.

Себичноста не е моја карактерна особина, само љубовта го грее и ќе го грее моето срце.

Со љубов, Боки 13