(ВИДЕО) Заев не ја коментира средбата со потпретседателите на ДУИ

0
1530

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доцна синоќа додека го напушташе седиштето на СДСМ на Бихаќка во Скопје, немаше коментар на прашањата на ТВ21 за тоа како поминала средбата со тројцата потпретседателите на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити.

Тие го напуштија состанокот што вчера со часови траеше во Мала Речица, затоа што се против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

На коментарот на новинарот дека автомобилот на Невзат Бејта е паркиран пред седиштето на СДСМ, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа одговари:

– Јас сум претседател и во секое време знам каде кого сум пратил и за што сум го пратил.