ПЕНДАРОВСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ГРЧКИОТ ВЕСНИК ЕТНОС : РУСИЈА ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ПРОТЕСТИТЕ, НО И ДЕКА СЕ УФРЛЕНИ ЛУЃЕ ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА ДА ИСПРОВОЦИРААТ ИНЦИДЕНТИ

0
573

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за грчкиот весник „Етнос“ изјави дека Русија ги продуцира најсериозните хибридни закани на Балканот, вклучувајќи политичка пропаганда и кампањи на дезинформации.

„Поточно, во Северна Македонија, комплексноста и интензитетот на хибридните закани се слични на оние од 2018 година во периодот на нашиот референдум за прашањето за името“, изјави претседателот Пендаровски.

Тој додава дека на официјална Москва ѝ се добро познати чувствителните точки во регионот и таа со сигурност се обидува да пенетрира подлабоко на Балканот.

Во период од неколку дена, ова е второ директно обраќање и јавно предупредување на македонскиот претседател во однос на хибридните закани коишто доаѓаат од Русија во земјава.

Во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, Пендаровски во интервјуто на 8 јули рече дека безбедносната ситуација во земјава се влошува, а неговите информации добиени од безбедносните служби говорат дека Русија ги злоупотребува протестите, но и дека се уфрлени луѓе од соседните земји на протестите за да испровоцираат инциденти.