(ВИДЕО) “Дива Населба”, ослободени од притвор 4 лица

0
2842

Бесник Ајдини, Фазли Османи и Бесник Бајрами кои цели две години ја чекаа пресудата за случајот “Дива Населба“ денеска беа пуштени на слобода. Четвртиот кој доби ослободителна пресуда, Ибрахим Муртезани од Арачиново беше во домашен притвор. Ослободените бараат да се открие вистината за случајот “Куманово“.

Две и пол години сум тука и се чувствувам многу лошо, далеку од семејството, од децата. Затворските чувари беа коректни“. – рече Бесник Ајдини, ослободен од притвор

Кога ме уапсија, не знаев за што ме апсат. Две и пол години сум тука не знаејќи за што сум обвинет. Наводно сум им давал помош на терористи. Јас воопшо не ги познавав ниту првата ниту втората група, врска немав. За два телефонски разговори останав две и пол години во затвор. Тие два разговори ми беа со семејството и немаа никаква врска со делото. Апелирам да се расветли целиот случај и да има целосна правда за сите што беа осудени“. – изјави Фазли Османи, ослободен од притвор

Ослободените беа пречекани од нивните семејства кои рекоа дека се многу среќни, бидејќи победила правдата за нивните сакани.

Овие две и пол години беа многу тешки за мене и за моето семејство. Знаевме дека се невини. Невин човек да биде затворен, тоа е тешко. Тој често ги прашувал зошто е тука, не знаел зошто е притворен. Ова е многу добра вест за нас и најдобриот ден во животот, особено за мајката и децата кои се многу среќни“. – вели Лулјета Ајдини, сопруга на Бесник Ајдини.

Мојот брат неправедно е држен тука и ние го чувствувавме отсуството, особено децата. Барам да се ослободи и мојот татко и другарите кои неправедно се осудени на доживотен затвор. Тешко ни беше многу“. – рече Хикмете Османи, сестра на Фазли Османи

Бесник Ајдини беше уапсен на 9 мај, дента кога се одвиваа борбите во Дива Населба, во моментите кога тој со неговата сопруга и децата ја напуштиле куќата. Останатите тројца ослободени, Фазли Османи, Бесник Бајрами и Ибрахим Муртезани беа уапсени на 17 септември 2015 во полициската акција “Молња“ под сомнение дека давале логистичка поддршка на кумановската група. За борбите во кумановската Дива Населба на 9 и 10 мај, судот осуди на 746 години затвор 34 лица, од кои осуммина на доживотен затвор.