(ВИДЕО) ГЕРО ШИРЕШЕ ДЕФЕТИЗАМ ЦЕЛ СААТ НА КАНАЛ 5: Влезот во НАТО било мачкина кашлица, се црнила му се гледало пред очи, владата ништо не работела, немало никаков напредок, ништо не било подобро, све само скандали, абе готово, потоп!

0
1280

А вистината која е?

Имаме рекорден број на странски инвестиции, речиси 650 милиони евра во 2018-та, во оваа 2019-та се најавени неколку милијарди евра!

Имаме 70 000 деца кои ќе донбиваат детски додаток, а кои досега не добивале.

Имаме социјална помош од 200е!

Имаме минимална плата од 200е и владата има намера уште да ја покачува!

Имаме реформирана УБК, веќе никој никого не смее да прислушкува!

Имаме слобода на говор, не се тепаат новинари, медиумите дури добија и владина помош на рамномерна основа, меѓу кои и неговиот весник.

Земјата влезе во НАТО, ги реши сите спорови со соседите, се стабилизира состојбата и дома со најголемото малцинство преку финализација на рамковниот договор – двојазичноста.

ОЈО почна да покренува големи судски процеси, СЈО веќе тера со полна пареа, ќе има конечно ПРАВДА И МИР, првите сериозни пресуди се очекуваат во март!

Има голема инвестициска активност со автопатите и останати магистрални патишта.

Има огромна акција на владата за субвенции на невработените и субвенции на фирмите кои ќе отворат нови фабрики.

Се тераат реформи во сите области, полека но сигурно земјата заличува на европска земја.

Кога ќе се случи скандал владата ретерира, се поправа, има и оставки.

Владата вработи илјадници доктори, медицински сестри, негувателки во градинки, се градат десетици градинки за децата.

Сите деца од огромни прифатни институции се префрлени во мали групни домови за да се чувствуваат како во семејство а не оставено во затвори и зандани.

Се рестартираше успешно ФЕНИ со што во Кавадарци влегоа 50 милиони евра.

Постигната рекордна цена на тутунот, 50 милиони евра влегоа во Прилеп!

Решен проблемот со лозарите преку интервенција во загубарот Повардарие, лозарите си ги добија своите пари.

Се рестартира по подолг временски период одгледувањето на сончоглед.

На локално ниво градоначалниците вредно работа, нарачани се нови еко автобуси во Скопје вредни 10 милиона евра.

Најавен е и зелен покрив, градина над ГТЦ.

Започната е изградба на десетина водоводи ширум земјава, конечно ќе се реновира колекторот на Охридско Езеро.

Гасификацијата тече со забрзано темпо се градат главните крвотоци низ земјава за да гасот стане поевтин енергенс.

Се воведе ефтина струја, се либерализираше пазарот на струја, ќе се заштедат десетици милиони евра од страна на фирмите. Граѓаните ќе се заштитат од ценовни шокови.

Има голем број на повици за субвенции за печки на пелети, за конвертори, за чистење оџаци, за еко возила со што ќе се намали загадувањето, се менуваат котлите на нафта во котли на пелети или на гас на големи потрошувачи.

Во здравството се прават големи инвестиции, се започна со проектот НОВ КЛИНЧКИ ЦЕНТАР вреден 500 милиони евра!

Како сето ова Геро не го гледа или не сака да го види?!?!