ОВОЈ ЧОВЕК Е НЕПОПРАВЛИВ, ШТО МУ ЗГРЕШИВМЕ НА ГОСПОД ПА НЕ КАЗНИ СО ОВАА НЕСРЕЌА: ТРЕТПАТ ОДБИЕНА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ТОДОР ПЕТРОВ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО!

0
1225

Едногласно, членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ја отфли иницијативата за собирање најмалку 150 илјади потписи за распишување дополнителен референдум поднесена од Тодор Петров.

Ставот на Петров го бранеше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков. Тој тврдеше дека собранието нема право да го укине граѓанското право на референдум и затоа побара да се усвои барањето на Петров.

Поднесувачот на иницијативата смета дека Собранието врши инквизиција на правата на граѓаните.