АМЕРИКАНЦИТЕ ПОЧНАА ДА ГИ ТЕГНАТ ЗА УШИ ГРЦИТЕ : КОЅИЈАС НА СРЕДБИ СО НАЈБЛИСКИТЕ ЛУЃЕ НА ТРАМП ВО БЕЛАТА КУЌА

0
2196

Со американски државен секретар, Мајк Помпео, со советникот за национална безбедност, Џон Болтон и со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ќе оствари средби шефот на грчката дипломатија за време на неговата посета на САД, соопштуваат од грчкото МНР.

Според грчките медиуми, преговорите за името ќе бидат една од темите на агендата разговори на средбите на Никос Коѕијас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според официјалната програма, Коѕијас утре ќе се сретне со новиот американски државен секретар, Мајк Помпео, ќе разговараат за билатерална соработка и прашања што се од регионален интерес со акцент на Блискиот исток. Додека пак претходно ќе оствари средба со помошниот државен секретар Вес Мичел.

Во вторник ќе разговара со советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, а ќе има контакти и со лидерите на двете законодавни тела на САД, меѓу кои со копретседателите на „Congressional Hellenic Caucus”  и „Congressional Hellenic Israeli Alliance”.

Коѕијас Гутереш

Текот на преговорите за името и кипарското прашање ќе бидат главните теми, според грчкото МНР, на средбата на Никос Коѕијас со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, закажана за во среда.

Во четврток и петок, како што веќе објави МИА, во Њујорк, шефовите на македонската и на грчката дипломатија ќе одржат средба со медијаторот Метју Нимиц.

Весникот „Елефтерос типос“ пишува дека Коѕијас започнува маратонски дипломатски активности во траење од речиси две седмици. Од САД, тој, според весникот, ќе замине за Брисел, а оттаму за Германија.