Адвокатот Саша Андоновски смета дека ,,нешто смрди“ во објавената снимка од домот на Орце Камчев

0
1232

Снимката објавена од италијанскиот весник Ла Верита, на која наводно бизнисменот Орце Камчев му дава еден милион евра на Бојан Јовановски за да биде ослободен од домашен притвор, предизвика многу внимание во Македонија и бројни реакции.

Една од нив и на скопскиот адвокат Саша Андоновски, кој ги аназирал деталите од снимката.

Тој на неговиот ФБ профил, напиша:

,,Однапред да кажам: НИКОГО НЕ БРАНАМ, НИТУ НАПАЃАМ.
Само констатирам од она што можам ДА ГО ВИДАМ со свои очи на видео-снимката:
1. Не се гледа лик на ниту еден заедно со парите;
2. Торбата во која се банкнотите по 50 Еура не одговара на торбите со кои Боки 13 и Кичеец ја напуштаат куќата;
3. Дека се работи за 1.000.000 Еура се гледа само од списокот напишан на рака (да се пронајде и да се вештачи ракописот)
4. Говорниот дел на снимката не може да се поврзи со моментот на броење на парите, бидејќи нема видео запис од говорот, туку само аудио (значи може да е снимено во друг момент, а не во критичниот)
5. Во говорниот дел од снимката не се спомнуваат пари, туку само (многу неуко и нестручно објаснет) моментот на „ослободување“
6. Не сваќам од што ќе ги „ослободи“ Катица, кога веќе „ги ослободи“ Врховен суд
7. Од кога тоа обвинител ослободува??
НЕШТО СМРДИ ВО ЦЕЛАВА РАБОТА“-пишува Андоновски.

Ова е снимката што денеска го окупираше вниманието на македонската јавност: