(ВИДЕО) Земјоделец од Ротино: Се молам на луѓе за компирите да ги дадам, некоја илјадарка да земам

0
1031

Проблемот со пласманот на земјоделските производи е многу голем и земјоделците се наоѓаат во една безизлезна состојба. Не знаат што да прават со родот кој го произведуваат со последните сили, така осиромашени со години  и задолжени по земјоделските аптеки.

-Еве го компирот, така стои во вреќи и никој не го бара. Се молам на луѓе, на овој на оној, некоја илјадарка да земам. Многу убав компир, ама ми даваат 8 денари за килограм. За тие пари не ми се исплати оти многу е скапо производството – се пожали земјоделецот Пеце Трајковски од село Ротино при средбата со Ленче Николовска која објасни дека за ваквата состојба е виновна единствено власта која треба да создаде услови за стопанисување во државата.

-Проблемот со пласманот е проблем на државата. Таа треба да се грижи тоа што го субвенционира, земјоделците да имаат каде да го продадат. Државата треба да се јавува преку интервентен откуп на земјоделските производи. На тој начин ќе го стабилизира пазарот, ќе ја намали понудата, и на тој начин ќе има поголем интерес од страна на трговците. Таа треба и да ги намали производните трошоци, да даде зелена нафта, поквалитетни репроматеријали; и на тој начин ќе се намалат трошоците на земјоделците за замјоделските производи – рече Николовска.

Извор: Бриф