Се поголем е бројот на членови и активисти на Вмро Дпмне од Крива Паланка кои јавно го искажуваат својот гнев кон политиките на власта но и ја шират вистината за егзодусот кој го зафати оваа општина последниве години.
Колку и да сака да се прикрие бројката на иселени лица, кривопаланчани знаат дека ако до пред некое време се иселуваше по еден член од секое трето семејство, сега веќе цели семејства се пакуваат и заминуваат во потрага по подобар живот, некаде каде за едно нормално вработување нема да ги условуваат со списоци на гласачи, мрцварење по автобуси и влечење по митинзи.
Како велеше Груевски: Вистината е како шило!
Епа еве му ја нека ја слушне и види и тоа не од опозиционерите не од неопределените туку од своите членови а тие јасно порачуваат дека општината се празни со забрзано темпо.
Поука и до пратеничката од оваа општина, да не се брука пред говорница во Собрание кога вели дека граѓаните масовно се иселувале до 2006г, а потоа откако Вмро Дпмне дошле на власт, тие, граѓаните ја осетиле светлата иднина и во овој период немало енормни примери на иселување.
Пратеничке, што праиме? Не некој друг, Вашето членство ве демантира секојдневно.