СДСМ: ПИОМ е пред банкрот, одговорност за грабежот на приватните пензиски фондови

0
955

Соопштение на СДСМ:

Пред заминување, Никола Груевски сака да зборува за пензиите ама во септември 2016 година кога тој не само што нема да биде премиер туку ќе се соочи и со одговорноста за целокупниот криминал на фамилијата во изминатите 10 години.

Во моментов, половина од пензиите во Македонија се исплаќаат на товар на Буџетот затоа што фондот на ПИОМ е пред банкрот а за исплата на пензиите секоја недела Груевски и Ставрески постојано и постојано ги задолжуваат граѓаните со нови долгови.

Дополнително, лошата состојба е надградена и проширена со невиден грабеж на приватните пензиски фондови, и тоа со знаење на Груевски и Ставрески, што е кривично дело.

За ова кривично дело, директорите на ПИОМ и МАПАС, но и кумот Ставрески, ќе се соочат со кривична одговорност од стоитици илјади осигуреници од приватните фондови доколку Јавното обвинителство не реагира.