СДСМ: Братучедите Груевски и Милајков во нули

0
1002

„Нулите не се слаба точка само на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Од милионските провизии и бизниси во нули е потонаат и Никола Груевски.

Ако се работи за Груевски, тој додава нули, на пример, за да се вози во мерцедес од 600.000 евра со наочари од 60.000 евра.

Ако се работи за граѓаните на Македонија, Груевски одзема нули, до толку што луѓето ги потона под живот “на нула“.

Поради политиките во нули на Никола Груевски и Сашо Мијалков, над 500.000 граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштија.

Поради арач политиките на Груевски и кумот Ставрески над 27.000 граѓани се без егзистенција со блокирани сметки за радиодифузна такса.

СДСМ ќе ја укине наплатата на радиодифузна такса.

СДСМ и граѓаните ставаат крај на арач политиките на Никола Груевски“, велат од СДСМ.