Меѓународните организации ,,Пламен на Мирот”, „Суверен болнички ред “Св. Јован од Ерусалим, Ротари клубот „Прилеп“ и Лајонс клуб „Вардар“ ВЕ ПОКАНУВААТ на донација на 44 електрични кревети и болничка опрема во болницата ,,Борка Талески” од Прилеп

0
1364

Пламен на мирот, Македонија

Flamme des Friedens, Mazedonien

Flame of Piece, Macedonia

Почитувани,

Меѓународната организација „Пламен на Мирот“ од Виена, меѓународната невладина организација „Суверен болнички ред “Св. Јован од Ерусалим” (Sovereign Hospitaller Order of St. John of Jerusalem), Ротари клубот „Прилеп“ и Лајонс клуб „Вардар“ ВЕ ПОКАНУВААТ на предавање на донацијата на 44 електрични болнички кревети и дополнителна болничка опрема.

Донацијата, чија вредност е околу 40.000 евра, ќе биде предадена на Градската болница „Борка Талески“ во Прилеп на 14.05.2018 (понеделник) со почеток во 11 часот.

На настанот ќе се обратат:

– д-р Драган Богоески, директор на болницата „Борка Талески“

г-дин Никола Блајбершник, престедател на Пламен на мирот

Коктел во 12 часот во хотел „Кристал Палас“.

Со почит,

Лице за контакт:

Тодор Стојчевски

071/ 25 71 81