СДММ: Младинска мобилизација за збогум Никола!

0
1040

Социјалдемократската младина на Македонија денеска ја одржа својата редовна седница на Централниот одбор, на која, како што соопшти, биле донесени следниве заклучоци:

– Состојбата со младите во Република Македонија е алармантна. Иселувањето на младите и младинската невработеност се едни од најгорливите проблеми. 626.312 граѓани ја напуштија Македонија според Светска банка, најголемиот број од нив се млади. Младинската невработеност е 53%, исто така според Светска Банка. Се обврзуваме за итно решавање на овие проблеми преку решенија кои ќе го стопираат овој тренд.

– Даваме целосна поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и раководството на партијата во спроведувањето на стратегијата во процесот за целосно враќање на слободата и демократијата во Македонија. СДСМ има визија за Македонија како едно општество за сите во коешто младите ќе ја градат иднината дома, во сопствената земја.

– СДММ согласно одлуката на Централниот одбор на СДСМ, преминува во штабско работење. За шеф на Централниот младински изборен подштаб е назначен Стефан Богоев.

„Социјалдемократската младина на Македонија е целосно мобилизирана за претстојните избори. Нашата основна цел е да ги вратиме нашите другари и другарки во Македонија. Да обезбедиме перспектива за младите. Тука, сите заедно да градиме иднина! Младите за слобода! Младите за победа! Младите за Македонија“, се наведува во соопштението.