ОМ: Латас деградираше се што е човечко и хумано во државава

0
827

Обединети за Македонија сериозно и со загриженост го проследи вчераното интервју на тв Сител, во кое гостуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Згрозени сме од крајната непрофесионалност на таканаречениот уредник Драган Павловиќ.
Стравот од вистината за криминалната матрица на владеачката гарнитура и неговата лична инволвираност, направија неговиот 50-минутен монолог да се претвори во невидена хистерија и лудило.

Дрскоста на уредникот и водител зборуваше за директната поврзаност со актуелната власт, и непобитно аргументираше дека е главна спојка на актуелното злосторничко здружение.

Во текот на целокупната минутажа презентирана на национален медиум Заев беше бомбардиран со прашања, за кои одговорите лично ги даваше и читаше гласноговорникот на заминатиот премиер.
Со невиден говор на омраза се деградира се што е човечко и хумано во државава.

Токму ваквото емитување треба да подлежи на правни санкции.

Токму гореспоменатиот уредник треба да биде земен на одговорност од страна на институциите, бидејќи делува штетно на целиот аудиториум.

За разлика од правните норми, според етичките и моралните, именуваниот е веќе огрешен и етаблиран.

Укажуваме дека под итно треба да се регулираат медиумите, за да ваквото вчерашно зло не се мултиплицира и во иднина.

Очекуваме осуда и од професорската новинарска фела и новинарските асоцијации и здруженија.
Доколку ова лудило не престане, во Македонија нема да има услови не само за фер избори, туку и за нормален и демократски живот.