НОВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ШТИПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ИЛЧО ЗАХАРИЕВ

0
1995

Од страна на Адвокатот Жарко Стеваноски од Прилеп, против Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев, службени лица во Општина Штип и одговорни лица во правни лица, е поднесена кривична пријава за кривично дело„ Злоуотреба на службената положба и овластување„ од чл. 353 ст.1 в.в. со ст.5 од КЗ на РМ, кривично дело „Бесправно градење„ од член 244-а ст.4 од КЗ на РМ, затоа што Градоначалникот на Општина Штип со искористување на својата службена положба и овластување спротивно на чл.51 од Законот за локалната самоуправа, овозможил да се објави Објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија која содржела погрешни и неточни информации за намената на земјиштето спротивно на членот 49 став 1 од Законот за градежно земјиште и со тоа овозможил да се пушти во промет градежно неизградено земјиште со намена спротивна на намената утврдена со важечкиот Детален урбанистички план а службени лица вработени во ЕЛС Општина Штип од областа на уредувањето на просторот, спротивно на важечкиот урбанистички план , на купувачот на земјиштето, му издале решение за локациски услови и одобрение за градење спротивно на важечкиот Детален урбанистички план со што го нарушиле планираниот простор.

Ова е втора кривична пријава против Штипскиот градоначалник после кривичната пријава која против Штипскиот Градоначалник ја поднесе СДСМ а која се однесуваше на злоупотреба на неговата службена положба и овластување со тоа што Градоначалникот не распишал оглас за избор на директор, туку на чело на Јавното претпријатие Исар повеќе од една година имало вршител на должност.

Адвокатот Жарко Стеваноски од Прилеп за нашиот портал вели: „ ме радува тоа што конечно во нашата држава започна да заживува чувството на поединецот дека може, треба и е должен да делува во градење на одговорни и чесни народни претставници, им честитам на храброста и одважноста на Штипјани со која се спротивставуваат на беззаконието кое го имплементира нивниот Градоначалник и упатувам јавен повик до сите оние кои на очигледниот криминал на локалните власти, до вчера останале или биле приморани да останат глуви и неми„

12476252_1179802572030211_1213324464_n 12506786_1179802645363537_319283622_n