Ѓорѓе Марјановиќ: Не смее политичари сторители или осомничени за кривични дела да бидат членови на влада!

0
1163

Специјалниот јавен обвинител  е новина во нашиот правен систем, вели во интервју за Фактор професорот Ѓорѓе Марјановиќ.

– Би сакал – вели тој – да бидам оптимист дека тој ќе има автономна позиција и дека во негова надлежност ќе бидат само делата од аферата со прислушувањето. А тој ќе треба да му се спротивставува на редовниот јавен обвинител, се разбира таму каде што има место за контрирање.

gorge mar

Прашан каков степен на политичка етика  би имало ако на изборите повторно  се појават  политичари кои се под  сомневање за можни сторени криминални дејствија, професорот вели:

Политичката етика на една исправна демократска влада подразбира дека оние политичари за кои постои  сомневање дека се сторители на кривични дела во никој случај не можат да обавуваат какви и да е јавни функции, а особено не да се членови на влада. Тие треба да бидат изведени  на суд.

Целото интервју со професор Марјановиќ прочитајте го ОВДЕ