НОВО ДНО НА НАШИТЕ БРАЌА: БУГАРИЈА ПРЕКУ СВОИ ЕКСПОЗИТУРИ ВО ЗЕМЈАВА ИЗМИСЛУВА ИНЦИДЕНТИ И ПРОБЛЕМИ ЗА ДА ГО ПРАВДА СВОЕТО ВЕТО ЗА ЕУ ПРЕГОВОРИ!

0
1036

Стара и оштетена плоча во прилепско село напишана на неразбирлив бугарски јазик заменете со нова напишана на читлив македонски јазик за Бугарија е чин на варварство?!?!

Ова е само уште еден од ИЗМИСЛЕНИТЕ скандали и проблеми со кои братска Бугарија се обидува пред светот да го оправда своето неоправдано и НЕБРАТСКО вето кон нас за ЕУ преговори, ако мислат дека вака се гради пријателство со измислување на вакви смешни скандали и проблеми, ништо нема да направиме и ова ќе биде голем срам од кој еден ден нашите браќа ќе се срамат.

Денеска партијата ГДУ која мислевме ќе ги штити македонските интереси а не е неофицијална бугарска амбасада во земјава но изгледа сме се излажале излезе со вакво писмо до власта:

До :

Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија

Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија

Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија

Почитувани господа,

Верувам дека веќе сте информирани од страна на вашите соработници за грдиот акт на отстранување на спомен обележјето посветено на војводата Велко Скочивирчето (Скочивирски) и комитите од дворот на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“ во селото Клепач, прилепско.

Искрено се надевам дека ја сфаќате сериозноста и последиците од овој (најнов) чин на варварство, мотивиран од омраза.

Верувам дека сте свесни оти времето за вербални заложби за еднаквост, општество за сите и сл. одамна помина и сега се потребни дела а не зборови.

Досегашната рамнодушност на институциите и континуираната стигматизација кон одредени граѓани на земјава само ги мотивира насилниците да ја манифестираат својата деструктивност, знаејќи дека таквото поведение нема да биде санкционирано.

Моето обраќање до вас е мотивирано од надежта дека конечно институциите на системот ќе проработат и во најскоро време сторителите ќе бидат исправени пред лицето на правдата, а спомен обележјето вратено таму каде што му е местото.

Со почит,

Петар Колев

Претседател на Граѓанско Демократската Унија

Од кога е деструктивност да замениш 100 години стата плоча и да ја замениш со нова и поубаво читлива за да луѓето знаат кои загинал на тоа место, од кога е тоа деструкција и варварство?!?! Или ајде сега ќе се трудиме да најдеме проблеми и да измислуваме проблеми за да најдеме оправдание за тоа што некој не сака земјава да стане членка на ЕУ?!?! Зошто?!?! Па нели сме браќа?! Нели со ЕУ ќе се тргнат границите, нели тоа е сонот на Бугарија да биде до Охрид, епа што е сега проблемот?!

Или не веруваат дека ЕУ ќе трае долго па сега се трудат да ја распаднат земјата и да отцепат парче за така да дојдат до Охрид? Лудило во Софија, браќата тотално се избрука…