МВР: Спасовски на ЗНМ му вети итно расветлување на нападите врз новинари

0
938

Соопштение на МВР:

Денес (25.11.2015 г.), Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, оствари работна средба со г-дин Насер Селмани и г-дин Столе Наумов, претставници на Здружението на новинари на Македонија.

На средбаа беше дикутирано за нападите врз новинарите и медиумите кои се случија во изминатиот период во Република Македонија. Министерот Спасовски и претставниците на ЗНМ се согласија дека нападите врз новинарите претставуваат директен напад врз основното право на граѓаните да бидат информирани и тие не смеат да бидат толерирани.

Министерот Спасовски потенцира дека во интерес на почитување на демократските принципи, ќе бидат превземени сериозни мерки за итно расветлување на овие инциденти. Исто така, Министерот ја изрази подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за понатамошна соработка со ЗНМ, со цел обезбедување на достоинствени услови за вршење на новинарската професија.