ВЛАДИНАТА ТРИБИНА ЛИЧЕШЕ НА СТЕНД АП ШОУ: МИЛЕ И КОЧО БИЛЕ КАВАДЕРЧИ ЗЕТОВЦИ ПА СЕ ЧУВСТВУВАЛЕ КАКО ДОМА!

0
1575

Владината трибина во Кавадарци на моменти личеше на стенд ап шоу, затоа што првите луѓе на владата го следат примерот на Заев кој обожава да кажува вицеви за да се опушти рајата но и самиот да си го разубави денот.

Па дознавме дека Миле Бошњаковски и Кочо Анѓушев биле кавадаречки зетовци па се чувствувале во Кавадарци како дома.

– Од кај е жена ти од таму си ти, па ја се чувствувам како дома!

Рече портпаролот по што се надоврза и вице премиерот:

– Епа тогаш и јас сум како дома! И ја сум кавадаречки зет.