(ВИДЕО)Николовски: Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против министерот Михал Цветков

0
962

Дополнителниот заменик-министер за земјоделството, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против министерот Михал Цветков.

– Во време на склучувањето на договорот на Министерството за земјоделство раководено од Цветков, со „Силекс неметали“ министерот се уште официјално, според Централниот регистар на Македонија, бил член на Управен одбор на „Силекс АД Кратово“. Министерството раководено од Цветков, евидентиран како член на Управниот одбор на „Силекс АД Кратово“ во никој случај не смее да склучува ваков договор зашто постои класичен судир на интереси, изјави Николовски.

Според него, изјавата заверена на нотар, на која што се повикува Цветков, не ја исклучува кривичната одговорност на министерот зашто не бил избришан официјално во Централниот регистар.