Богдановиќ поднесе кривична пријава за Јакимовски

0
917

S.Bogdanovikj-640x320

Саша Богдaновиќ, директор на ЈП „Паркинзи на општина Ценар“ денес во Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава за градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски.

„Бидејќи на втори октомври годинава од страна на Стевче Јакимовски бев јавно обвинет дека ‘ги принудувам своите членови (мислејќи на членовите на СДСМ) и симпатизери да се потпишуваат (на петицијата против ДУП-от во Карпош) при што ги развезуваат со возила од ЈП Паркинзи Центар’, односно обвинет дека сум сторил кривично дело, јавно побарав извинување. Извинувањето од Стевче Јакимовски никогаш не беше ниту дадено, ниту објавено. Затоа, како што ја милува и самиот паролата ‘во согласност со Устав и закон’, денес побарав пред надлежните органи заштита на моите права како оштетен. Тие што го почитуваат Уставот и законот ја знаат тежината на сите измислици што се шират во јавноста“, се наведува во објаснувањето на Богдановиќ.

Објава-2 12244062_539755439529549_951280830_n