(ВИДЕО) Талевски : Ветивме и ги асфалтиравме приоритетните улици во населеното место Алинци

0
1138

Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ – Прилеп.

Почитувани,

Ветивме и интензивно работиме на подобрување на целокупната патна  инфраструктура во општина Прилеп.

Покрај силните градежни активности во градот, реконструкцијата и асфалтирањето на улиците во населените места се исто така во нашиот фокус и во нашите врвни приоритети.

Го исполнивме клучното барање на жителите од населеното место Алинци и ги асфалтиравме приоритените улици, во должина од 550 метри.

После долги години, жителите од Алинци добија новоасфалтирани улици и подобри услови за живот во ова населено место, основни потреби за кои претходната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ немаше слух.

Истовремено, со чесни и одговорни политики на СДСМ и градоначалниот Јованоски, со домаќински пристап во трошењето на парите од граѓаните, успеавме да ја подобриме патната инфраструктура и во другите населени места од општина Прилеп.

Со нов слој на асфалт, целосно се реконструирани повеќе улици и во населените места Галичани, Кадино Село, Големо и Мало Коњари.

Само во изминатите два месеци, во населените места поставен е нов асфалт во вкупна должина од 4.300 метри.

Почитувани,

Цели 12 години, на функционерите од криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ поважни им беа договорените провизии од тендерите, отколку интересите на граѓаните од руралните средини

Одговорноста и чеснoста, не се е во матрицата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, што се покажа и во овие тешки моменти на справување со коронакризата.

Нема да им дозволиме повторно да ја втурнат земјата во лош правец.

Затоа се потребни избори, заради заштита на здравјето на граѓаните, за нова и брза трансформација на економијата и функционални институции за продолжување на развојот на земјата.