ЗОРИЦА ЗАЕВА И ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ВО ИМЕ НА ФОНДАЦИЈА ЗАЕВ ДОНИРАА ПЕРИКИ НА ЖЕНИ КОИ СЕ БОРАТ СО КАНЦЕР

0
806

По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и Д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во придружба на директорот на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија Д-р Нино Васев и вработени во Клиниката, донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат од рак на дојка на оваа клиника, посакувајќи им брзо и успешно оздравување.

Во услови кога расте бројот на заболени од карцином на дојка, но, за среќа, се намалува процентот на смртноста од ова малигно заболување, потребно е, повторно и повторно, да се укажува на најважните нешта кои се во функција на поефикасно справување со болеста. Навременото откривање значи откривање реална шанса за живот.

Затоа, постојано апелираме – секоја жена навреме да се прегледува – навременото откривање е предуслов за ракот на дојка да биде може да биде излечен.
Сите заслужуваат здравје, сите заслужуваат живот. Борбата против ракот на дојката не е само нивна. Наша е, на секој од нас, на секој поединец, агенција, институција, невладина организација, фондација. Праќаме порака за борба, борба за живот.