(ВИДЕО)Целата прес конференција на која Зоран Заев постави два услови за да оди во Виена: Повлекување на аболицијата и одлуката за избори на 5 јуни!

0
937

„Граѓаните од цела Македонија, без разлика на политичка, национална или верска припадност, заедно го кренаа својот глас во име на демократијата и слободата. Излегоа, и продолжуваат. И секој ден се се’ побројни.

Секој ден се порешени: дека ќе се борат за својата татковина, ќе се борат против криминалот и злоупотребите, ќе се борат за правда, за слобода, за еднаквост. Ќе се борат за себе, за своите деца и родители, ќе се борат за своите внуци и нашата зедничка иднина“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„СДСМ, коалицијата и потписниците на Платформата за демократска Македонија ги делиме истите вредности и определби со граѓаните коишто протестираат и јасно и гласно го изразуват незадоволството од режимот на Груевски.

Воедно пoрачувам, Ја почитуваме иницијативата на европратениците и комесарот Хан за средба на лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино во Виена.

За СДСМ да учествува на средбата во Виена, неопходно е да се исполнат два преудслови:

1.   Иванов да ги повлече сите срамни одлуки за помилување што ги донесе по нарачка на Никола Груевски, спротивно на Уставот и законите.

2. Да се свикаСобранието за да ја повлече одлуката за одржување на избори на 5-ти јуни поради неисполнети клучни услови за регуларни, слободни, фер, и кредибилни избори.

Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски и ВМРО-ДПМНЕ во координирана акција го погребаа Договорот од Пржино.

Ги срушија сите принципи на коишто почиваше:

  • Организирање фер и демократски избори
  • Одговорност за сторениот криминал
  • Преодна влада

Заради ваквото нивно однесување СДСМ не може да се врати на преговарачка маса како ништо да не се случило.

За преговарачкиот процес да стане возможен ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже дека договореното ќе го почитува.

Во Македонија мора да има и ќе има регуларни, фер и слободни избори со прочистен избирачки список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата.

За враќање на довербата во правото и правната држава мора да се обезбеди нормално функционирање и целосна поддршка на работа на независната институција Специјално јавно обвинителство.

СДСМ, сите слободоумни граѓани и цела демократска Македонија заедно ја продолжуваат битката за враќање на слободата и демократијата, за враќање на уставниот поредок.

Или Груевски или Македонија“, изјави Заев.