(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Пендаровски во Гостивар : Вашиот глас одлучува, само заедно може да одиме напред кон сигурна иднина и просперитет!

0
218

Стево Пендаровски, кандидатот со поддршка од граѓаните од сите етнички заедници и 31 политичка партија, од Гостивар порача дека само заедно и сплотени може да одиме напред кон сигурна иднина.

Пендаровски побара поддршка од граѓаните со масовна излезност на изборите.

На пет  дена сме, рече, до првиот круг на изборите, до  одлуката дали Северна Македонија ќе продолжи да оди кон прогрес или ќе се врати назад кон темното минато.

Пендаровски потсети дека заокружувањето на Рамковниот договор и потпишаните договори со Бугарија и Грција  не носат во НАТО и ЕУ, кон просперитет,  економски развој, развиено земјоделие, квалитетно образование, нови инвестиции, и перспективи за младите.

„ Во темното време на Груевизмот фамилијата правеше се што сака. Тие  фрлија 800 милиони дадоа за споменици и  жални врби,  ги наполнија коферите и сега од Будимпешта ни кажуваат како да работиме. Гласот за Гордана е глас за враќање назад, во времето на фамилијата. Мојот концепт е сосема различен, за напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ“, рече Пендаровски.

Нагласи дека за да се забрза развојот неопходно е да го заокружиме процесот на интеграции до полноправно членство во ЕУ.

„Од лани де факто  сме членка на НАТО, 29 најмоќни држави  ни ја гарантираат  безбедноста и границите. Сега имаме шанса да го забрзаме економскиот раст, инвестициите, да обезбедиме повеќе пари за граѓаните. Да ја зграпчиме оваа шанса“ рече Пендаровски.

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, од Гостивар побара поддршка и глас за бројот 3 затоа што  оваа држава е за секого иста,  без разлика на вера, етничка или партиска припадност. Граѓаните не сакаат делби и поделби, здружени треба да одиме напред.

-Претседателот на опозицијата ги повика оние што живеат  тука да гласаат за нивната кандидатка, но не ги повика Албанците да го сторат тоа. Чекавме да се извини, но не го направи тоа. Таква Македонија сакаат, едни напред другите позади, со делби и поделби. Мојот концепт е за заедништво. Затоа  мојот слоган е Заедно напред. Доста е со делби, ние немаме резервна татковина, само заедно можеме да одиме напред“рече Пендаровски во Гостивар.