ПОТПИШАНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

0
1070

Во Битола, пиењето кафе е ритуал. На кафе се споделуваат мислења, се разменуваат гледишта, се коментира и студира животот во градот.

Јас и моите противкандидати за градоначалник на Битола симболично го одбележавме потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори токму со пиење кафе на Широк Сокак.

Битола има долга и богата традиција на политичка култура која сите ние како учесници во изборната кампања имаме обврска да ја надоградиме. Целта е да се претставиме пред граѓаните во една фер и демократска атмосфера, па тие нека го изберат #најдоброто за Битола.

Уште кога прв пат се обратив до јавноста како кандидат за градоначалник, ги поканив моите противкандидатите на заедничко кафе и благодарен сум што се одзваа на поканата.

Битолчани сакаат да видат натпревар на идеи, на визии, на проекти. Ќе им овозможиме тој натпревар да биде во фер и демократска атмосфера. Победата на битолчани е и моја победа !

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски.