РЕЖИМОТ ЗАПОЧНА СО АПСЕЊЕ НА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА : ВО СКОПЈЕ ПРИВЕДЕН ВОЗАЧОТ НА ВОЗИЛОТО ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА, РЕКА ОД НАРОД СЕ УПАТИ КОН ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ПРОЛЕТ

0
1136

Пикапот со музика на #ШаренаРеволуција заедно со човекот што го вози се донесени во полициска станица “Пролет” Кисела Вода. Тука сме за поддршка! Нема да им поминат заканите!

13249532_10208166569380215_1054817836_n

Стефан Богоев
фејсбук статус

Според невладината организација Цивил, со силно полициско обезбедување и со пиштоли на готовс, приведени биле возачот и совозачот на комбето на Шарената револуција, непосредно по завршувањето на денешниот протест.

За време на протестот, меѓу полицајците во кордонот кој ја обезбедуваше Триумфалната имало припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), а во ГТЦ биле забележани вооружени цивили, јавува Цивил.

Информацијата ја потврди и активистот Павле Богоевски кој на својот фејсбук профил напиша:

Комбето на шарената револуција и возачот на комбето се пресретнати од МВР и тој е приведен веднаш по протестот. Прогонот на Чавков и злосорничкото здружение на власт не престанува.

Нема да престанеме ниту ние. Иако сме преморени, ве молам колку можеме повеќе луѓе да дојдеме пред полициската станица Пролет.

Ниту еден револуционер/ка не ви даваме, гнаси едни.