Тешко повредена пратеничка на СДСМ и висок функционер на СДСМ

0
376

(Фото за илустрација, не е од сообраќајката)

Вечерва во тешка сообраќајка на патот Демир Капија-Удово, во сообраќајка тешко е повредена пратеничка на СДСМ од Валандово.

Според информациите на Пресс24, таа е итно пренесена во Ургентниот Центар во Скопје, со повреди на главата и телото.

Заедно со пратеничката е повреден и 30-годишен сопатник. Според неофицијални информации се работи за уште еден функционер на СДСМ.

До несреќата дошло кога автомобилот Опел Корса со кој управувал еден од повредените, налетал на одрон и се превртел.

Увидот на полицијата и Јавното обвинителство сеуште е во тек.

СПОДЕЛИ

НАПИШИ КОМЕНТАР