МИНИСТЕРОТ ЗА ДИЈАСПОРА, ЕДМОНД АДЕМИ СО СИЛНА ПОРАКА ДО НАРОДОТ : НАРОДЕ, СЕГА Е МОМЕНТОТ ЗА ОДЛУКА, ИЛИ ЌЕ НЕ БИДЕ ИЛИ НЕ, ИЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ЕУ И НАТО КАКО ЗЕМЈА СО СИТЕ НИШАНИ ИЛИ БАЧЕВ И РУСИЈА!

0
328

Почитувани сонародници во дијаспората,

Собранието на Република Македонија, на 30 јули 2018 година, врз основа на постигнатиот Договор меѓу Република Македонија и Република Грција, донесе Одлука за распишување референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година, на кој граѓаните ќе одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Граѓаните на Република Македонија кои живеат и работат во дијаспората ќе можат да го остварат своето гласачко право во сите дипломатско-конзуларни претставништа на Република Македонија во светот. Увидот може да се изврши и преку интернет страницата на Државната изборна комисија izbirackispisok.gov.mk/dijaspora.

За таа цел,  ве повикувам сите,  од 9 август до 23 август 2018 година да се пријавите за остварување на вашето гласачко право на веб страницата на Државната изборна комисија dijaspora.sec.mk.

Ова е време за одлука, а твојот глас одлучува за иднината на нашата земја!

Имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка, подобра иднина. Сплотени, со здружени сили, заедно можеме да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Одлуката зависи исклучиво од нас самите, наша е одговорноста.

Вие одлучувате, дали Република Македонија ќе биде членка на Европската Унија (ЕУ) и НАТО, со прифаќање на договорот со Република Грција.