ШОКАНТНА АНАЛИЗА НА ЕФТОВ И ОРДАНОВСКИ: ИДЕЈАТА НА АХМЕТИ АЛБАНЕЦ ЗА ПРЕМИЕР, Е ОБИД ДА СЕ ОТВОРИ ПАТ НА ВМРО ДПМНЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ВЛАСТ!

0
983

Се случи чудо на политичката јавна сцена, двајцата главни аналитичари, Ефтов и Ордановски во ист ден сосема случајно излегоа со иста анализа, а тоа е дека идејата на Ахмети за албанец премиер е обид на ДУИ да му помогне на ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт!

Ова доаѓа од тезата дека единствен начин ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт е да направи коалиција со албанска партија, а услов пак за тоа е само ако ВМРО ДПМНЕ прифати албанец за премиер, ништо друго нема да може да го оправда кај албанското тело коалиција со ВМРОВЦИТЕ кои во албанските средини се озлогласени АЛБАНОФОБИ па која и да била албанска партија која ќе коалицира со нив ќе се САМОУБИЕ политички!

Затоа Ахмети излегува со ваква идеја за да ги измани албанските гласачи дека еве ВМРО ДПМНЕ се променило, прифатило албанец за премиер и затоа заслужуваат да се вратат на власт.

Слично со финтата на Александар Вучиќ во Србија кој стави лезбејка за премиер за да ги излаже про западните гласачи дека еве тој е про европски либерал а не про руски ШЕШЕЉОВАЦ, она што реално е!